• петок, 22 ноември 2024

Утре средба Ковачевски-Мицкоски

Утре средба Ковачевски-Мицкоски
Скопје, 2 јули 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски утре ќе одржи средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство, соопшти вечерва Владата.Во соопштението се потсетува дека по добивањето на предлогот од француското претседателство, премиерот Ковачевски одржал консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. -Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението. Средбата, како што потврдија претходно владини извори за МИА ќе се одржи во 15:00 часот во Клуб на пратеници. Мицкоски денеска го поддржа и учествуваше на протестот пред Владата под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“. –  Јас не сакам да бидам во Европа затоа што имам право да бидам Македонец, кој говори на македонски јазик и кој се бори за својата Македонија, за својот идентитет, за својата култура, за својата историја и за своето наследство, рече Мицкоски. Претседателот Стево Пендаровски, пак, за утре напладне во неговиот кабинет свика состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ. ац/

Остани поврзан