Утре собраниска седница за избор на потпретседатели и за основање работни тела
- На дневен ред е Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието, а пред пратениците е и Предлог-одлуката за основање постојани работни тела.

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија утре ќе ја одржи третата седница.
На дневен ред е Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието, а пред пратениците е и Предлог-одлуката за основање постојани работни тела.
Седницата е закажана за 14 часот. мч/aa/
фото: МИА архива