• петок, 05 декември 2025

Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци

Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци

Скопје, 28 август 2025 (МИА) - Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре (петок, 29 август) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ев/

ФОТО: Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан