• понеделник, 23 декември 2024

Утре продолжува потрагата по жената што се фрли во Вардар кај Велес

Утре продолжува потрагата по жената што се фрли во Вардар кај Велес
Велес, 1 јануари 2023 (МИА) – Телото на 55-годишната жена од велешкото село Сојаклар и се уште не е пронајдено. Втор ден се трагаше по неа низводно по реката Вардар до сливот на реката Бабуна. 
 
Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев за МИА изјави дека потрагата продолжува утре изутрина.
 
Најави дека освен полицијата, пожарникарите од Велес  и кајакари, според првичните најави, од утре истрагата ќе биде засилена и со екипа од Единицата за специјални задачи при МВР, а има најави и за вклучување на екипи од Дирекцијата за заштита и спасување.
 
-Истрагата продолжува утре наутро и ќе биде засилена со полициска екипа на Единицата за специјални задачи ЕСЗ, изјави Самарџиев.
 
Педесет и петгодишната жена на 31 декември во 35 минути по полноќ се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес. Во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М  од Скопје пријавил во СВР Велес дека од домот се оддалечила неговата 55-годишна сестра М.К од велешкото село Сојаклари. ад/бак/

Остани поврзан