• недела, 22 декември 2024

Утре на градскиот базен во Крива Паланка започнува курсот за спасители на затворени води

Утре на градскиот базен во Крива Паланка започнува курсот за спасители на затворени води

Крива Паланка, 4 август 2024 (МИА) - Сите заинтересирани кандидати за полагање курс за спасители на затворени води до утре можат да се пријават за стекнување со сертификат од националниот курс во организација на Црвен крст на град Скопје - Центар. Курсот ќе започне утре на градскиот базен во Крива Паланка, во соработка со ватерполо клубот „Крива Река“, концесионер на базенот.

-Црвениот крст на град Скопје - Центар за безбедност на вода согласно своите програмски активности стартува со организирање курс за спасители на затворени води. Курсот ќе започне утре, во Крива Паланка. Теоретскиот и практичниот  дел на курсот ќе се спроведат во Крива Паланка на градскиот базен, а заинтересираните кандидати задолжително треба да поседуваат лекарска потврда за здравствена состојба, потврда од матичен лекар или потврда од спортска медицина, велат организаторите. 

Пријавувањето на кандидатите, посочуваат, се врши исклучиво  по електронски пат  на адресата skopje.katastrofi@redcross.org.mk, а сите што ќе го поминат успешно курсот ќе се стекнат со интернационален сертификат. Пријавувањето ќе се врши сѐ до пред почетокот на курсот. ид/вј/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан