• недела, 22 декември 2024

Утре и во понеделник бесплатен паркинг на повеќе локации во Скопје

Утре и во понеделник бесплатен паркинг на повеќе локации во Скопје

Скопје, 7 декември 2024 (МИА) - За време на државниот празник „Свети Климент Охридски“, утре и во понеделник на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, односно во зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата. 

- Редовна наплата ќе се врши во зона А0- Водно, во катните гаражи „Беко“ и „26ти Јули“ и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза, соопштуваат од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.

По повод празникот „Св. Климент Охридски“ во понеделник и паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.

-Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи во вторник (10 декември) со вообичаено работно време. Од ова исклучок е паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата, соопштуваат од ПОЦ.  дма/лв/

Фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан