• понеделник, 08 април 2024

Утре времен режим на сообраќај на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало

Утре времен режим на сообраќај на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Во текот на утрешниот ден ќе се санира кружниот тек во Дебар Маало на улица „Орце Николов“, поради тоа од 8:00 до 15:00 часот ќе има времен режим на сообраќајот.

Како што информира Општина Центар, сообраќајот ќе се одвива од улица „Коле Неделковски“ до улица „Ленинова“ во една насока.

Општина Центар апелира сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот сообраќај во текот на утрешниот ден. мд/са/

Фото: Општина Центар 

Остани поврзан