• недела, 22 декември 2024

Утре во Скопје протестен марш поради загадениот воздух

Утре во Скопје протестен марш поради загадениот воздух

Скопје, 9 декември 2024 (МИА) - Иницијативата „Зелен Хуман Град“ за утре најавува протестен марш против аерозагадувањето во Скопје.

Протестот, како што соопштија од „Зелен Хуман Град“, почнува во 16:00 часот пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува пред Собранието и завршува пред Владата на Република Северна Македонија.

- Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, велат од „Зелен Хуман Град“.

Организаторите на протестот бараат од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето. дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан