• петок, 22 ноември 2024

Уставниот суд со мерки за штедење: Кацарска со онлајн учество на 5. Конгрес на Светската конференција за уставна правда

Уставниот суд со мерки за штедење: Кацарска со онлајн учество на 5. Конгрес на Светската конференција за уставна правда
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска онлајн ќе учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда, што се одржува од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија. - Со оглед на економската ситуација во Република Северна Македонија и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Добрила Кацарска одлучи во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14 илјади евра и присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество, соопштија денеска од уставиот суд. Централна тема на Конгресот е „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот”. На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов за мир“; „Апликации до уставните судови”; „Независноста на уставните судови (преглед)“; и „Базата на податоци на Венецијанската комисија”. Во соопштението од Уставиот суд се наведува дека Светската конференција за уставна правда обединува 119 уставни судови и совети и врховни судови во Африка, Америка, Азија, Австралија/Океанија и Европа. Ја промовира уставната правда како уставна ревизија, вклучувајќи ја и судската пракса за човекови права – како клучен елемент за демократијата, заштитата на човековите права и владеењето на правото. цр/аа/

Остани поврзан