• четврток, 21 ноември 2024

Уставниот суд на Албанија ја отфрли тужбата на пратениците за укинување на мерките против Бериша

Уставниот суд на Албанија ја отфрли тужбата на пратениците за укинување на мерките против Бериша

Тирана, 20 декември 2023 (МИА) - Албанскиот Уставен суд ја отфрли тужбата на група демократски пратеници од крилото на Сали Бериша, со која се бараше суспендирање на мерките на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, против  Бериша.

Со тоа судот ја озакони мерката за задолжително јавување во судот и забрана за излез на Сали Бериша од државата, донесена од Специјалниот суд на 21 октомври годинава.

Одлуката која била донесена  со мнозинство гласови, значи и право на негово апсење поради непочитување на мерката за јавување, откако ќе му биде одземен пратеничкиот имунитет.

Седницата за одземање на имунитетот на законодавниот дом е закажана за утре, по вчерашната одлуката на Советот за мандати. Се очекува само формално да помине имајќи го предвид бројот на пратеници од владејачкото мнозинство.

Од друга страна Бериша за утре пред парламентот најави масовен протест, кој ќе продолжи пред СПАК. вт/ссм/

Остани поврзан