• недела, 16 март 2025

Уставен суд: Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти

Уставен суд: Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Уставниот суд изрази длабоко жалење по повод трагедијата што се случи во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени. 

- Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти судиите изразуваат најдлабоко сочуство до семејствата на настраданите. Ненадоместлива е загубата, ја споделуваме болката и нашите мисли се со родителите роднините и пријателите на трагично настраданите. На повредените им посакуваме побрзо закрепнување, се вели во објавата од Уставниот суд. бак/

Фото: Уставен суд

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан