• недела, 23 март 2025

Успешно тестирана турската ракета воздух-воздух Гокдоган

Успешно тестирана турската ракета воздух-воздух Гокдоган

Анкара, 12 февруари 2025 (МИА) – Првата турска ракета воздух-воздух „Гокдоган“ денеска е успешно тестирана, изјави турскиот министер за индустрија и технологија Мехмед Фатих Кацир.

- „Гокдоган“, првата домашна и национална ракета воздух-воздух надвор од визуелниот дострел на нашата земја, ја погоди целта – авион со директен удар при пробното истрелување. Ова е национално технолошко движење за целосно независна Турција во критичните технологии, истакна Кацир.

„Гокдоган“ е ракета воздух-воздух развиена од Советот за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) во периодот од 2013 до 2024 година.

- Способноста на ракетата воздух-воздух е еден од најважните елементи на воздушната доминација и одвраќање. „Гокдоган е стратешки чекор што ја зајакнува нашата локална и национална моќ на ова поле, изјави шеф на Секретаријатот за одбранбена индустрија на Турција, Халук Горгун. ми/

фото: Икс

Остани поврзан