• сабота, 23 ноември 2024

Успешен тест на првиот летачки автомобил во Јапонија (видео)

Успешен тест на првиот летачки автомобил во Јапонија (видео)
Токио, 1 септември 2020 (МИА) - Јапонската компанија Скај драјв објави дека успешно го завршила пробното возење на својот летачки автомобил со луѓе во него. Демонстрацијата се одржа на 25 август на полигонот на Тојота - еден од најголемите во Јапонија. - Ние сме многу возбудени што го направивме првиот лет со автомобил со човечки екипаж, во Јапонија по само две години откако ја основавме Скај драјв - со цел за комерцијализација на ваквите летала, рече извршниот директор на компанијата Томохиро Фукузава. https://www.youtube.com/watch?v=xA9ah0zf9MQ СД-03 е најмалото електрично возило со вертикално полетување и слетување во светот. Зафаќа простор колку два обични автомобила. Има осум мотори кои осигуруваат „безбедност во итни случаи“. „Сакавме ова возило да изгледа футуристичко, харизматично и пожелно за сите идни клиенти, со целосна интеграција на високата технологија на Скај драјв“, се вели во соопштението на компанијата. Оттаму сѐ уште не објавиле продажна цена на возилото. си/

Остани поврзан