• петок, 05 декември 2025

Услови Норис да ја освои титулата по Гран при на Катар

Услови Норис да ја освои титулата по Гран при на Катар

Лондон, 25 ноември 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, би можел да ја освои шампионската титула во Формула 1 на Големата награда на Катар (28-30 ноември), една трка пред крајот на сезоната 2025.

Влегувајќи во последните две трки, Британецот има водство од 24 поени пред неговиот клупски колега Оскар Пјастри и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен. 

Норис треба да ја зголеми својата предност на 26 поени за да пристигне во Абу Даби како шампион.

Вкупно 33 поени се во игра во Катар - осум во спринтот и 25 во главната трка. Норис не може да ја обезбеди титулата во сабота, во спринтот.

Ландо треба да заврши два поени пред Оскар и Макс до крајот на викендот. Поточно, завршувањето на шестото место во спринтот и победата на главната трка е доволно за да се освои шампионската титула. Второто место во недела нема да го задоволи Британецот ако победат Пјастри или Верстапен.

За Оскар и Макс, победата на главната трка е клучна за да останат во конкуренција. Доколку ниту еден од нив не заврши прв, Ландо ќе треба да заврши втор само во сабота и недела - дури и ако еден од неговите ривали победи во спринтот.

Доколку Норис не успее да надомести два бода против своите ривали во Катар, титулата ќе биде решена на последната трка од сезоната во Абу Даби на 7 декември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан