• петок, 05 декември 2025

Усик влезе во топ 5 најбогати боксери на светот

Усик влезе во топ 5 најбогати боксери на светот

Лондон, 10 ноември 2025 (МИА) – Апсолутниот шампион во тешка категорија, Олександр Усик, се најде на петтото место на ранг-листата „Give Me Sport“ на најбогатите боксери на сите времиња.

Богатството на Усик се проценува на 214 милиони долари.

Првото место му припаѓа на Американецот Флојд Мејведер, со заработка од приближно 400 милиони долари. Второто место е за Саул Канело Алварез, со заработка од 300 милиони долари. Третото место му припадна на Џорџ Форман, исто така со 300 милиони долари. На четвртото место е Мани Пакјао, со 220 милиони долари.

Усик стана единствениот украински боксер на оваа листа и еден од ретките актуелни шампиони што се најде на ранг-листата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан