• понеделник, 23 декември 2024

Усвоена резолуција за продолжување на мисијата на ОН во Либија за три месеци

Усвоена резолуција за продолжување на мисијата на ОН во Либија за три месеци
Њујорк, 1 февруари 2022 (МИА) - Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за продолжување на мисијата на ОН во Либија за само три месеци.
Текстот го состави Велика Британија по неколкудневни спорови меѓу САД и Русија.
Краткиот текст, усвоен едногласно, предвидува мисијата да продолжи до 30 април. Претходната верзија на текстот предвидуваше дека мисијата на ОН ќе биде продолжена до 15 септември.
Либија се обидува да излезе од децениското насилство по падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година, проследено со хаос во земјата, со борби за моќ меѓу западот и истокот на земјата и неодредено одложување на претседателските избори првично закажани за 24 декември минатата година.
Во усвоената резолуција не се споменува дека наскоро во таа земја ќе се одржат избори.
Резолуцијата само потсетува дека мисијата за поддршка на ОН во Либија (УНСМИЛ) треба да биде предводена од специјален пратеник кој треба да биде назначен од генералниот секретар. паг/
     

Остани поврзан