• петок, 05 декември 2025

Урсула фон дер Лајен денеска во посета на Романија

Урсула фон дер Лајен денеска во посета на Романија

Букурешт, 1 септември 2025 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе ја посети Романија. Попладне таа ќе се сретне со претседателот Никушор Дан и со премиерот Илие Боложан во приморскиот град Констанца.

Фокус на разговорите ќе бидат соработката меѓу ЕУ и НАТО, како и откривањето, спречувањето и одвраќањето на морски и хибридни закани.

Посетата следува по нејзиното вчерашно патување во Бугарија и е дел од нејзината турнеја во земјите на источната граница на ЕУ – Летонија, Финска, Естонија, Полска, Литванија, Бугарија и Романија.

Целта на посетата, според Европската комисија, е да се нагласи поддршката на Унијата за земјите членки кои се соочуваат со предизвици на заедничките граници со Русија и Белорусија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан