• вторник, 24 декември 2024

Ураганот Сали стигна до Алабама, издадено е предупредување: Се закануваат катастрофални поплави

Ураганот Сали стигна до Алабама, издадено е предупредување: Се закануваат катастрофални поплави
Монтгомери, 16 септември 2020 (МИА) – Ураганот Сали денеска го погоди брегот на Алабама во Мексиканскиот Залив како ураган од втора категорија, откако ветровите се засилија во текот на ноќта. Ветровите се забрзаа и дуваат со брзина од 165 километри на час, што може да предизвика големи штети. Ураганот исто така претставува закана од „катастрофални и опасни по живот“ поплави долж делови на северо-централното крајбрежје на Заливот, соопшти Националниот центар за урагани. НХЦ претходно објави дека ураганот може да предизвика повеќе од 60 сантиметри дожд во некои области додека се движи кон внатрешноста. Ураганот Сали го погоди копното во Голф Шорс, Алабама и се движеше кон границата на Алабама и Флорида со брзина од 5 километри на час. Ветрови и дождови ќе има од Мисисипи до Флорида Панхандл, соопшти НХЦ. Официјални лица од целиот југ ги повикаа жителите на долните области да се засолнат од ветровите и дождовите. Но, за некои, бавното пристигнување на ураганот Сали ги оживеа сеќавањата од детството за минатите бури кога од прва рака беа сведоци на моќта на природата. Штетата предизвикана од ураганот Сали се очекува да достигне меѓу две и три милијарди долари, изјави Чак Вотсон од истражувачкиот центар Енки, кој ги следи тропските бури и ги предвидува трошоците од нивната штета. Таа проценка може да се зголеми доколку има пообилни врнежи од дожд, рече Вотсон. Пристаништата, училиштата и бизнисите беа затворени долж крајбрежјето кога ураганот ја погоди областа. Како што бурата се движеше на исток, пристаништата покрај реката Мисисипи денеска повторно се отворија за патување. јт/

Остани поврзан