• петок, 05 декември 2025

Ураганот Мелиса се засили до бура од петта категорија

Ураганот Мелиса се засили до бура од петта категорија

Хавана, 27 октомври 2025 (МИА) - Ураганот Мелиса се засили до бура од петта категорија и се очекуваат разурнувачки ветрови, посилни бури и катастрофални поплави во Јамајка во текот на денот и во текот на следната ноќ, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Во соопштението се наведува дека бурата моментално се наоѓа 505 километри југозападно од заливот Гвантанамо, Куба, и носи максимални ветрови од 260 километри на час.

Центарот додава дека од утре до четврток, 30 октомври, се очекува бурата да се забрза кон југозапад.сд/

фото:Х

Остани поврзан