• сабота, 23 ноември 2024

Ураганот Лаура се засилува додека се приближува кон Тексас и Луизијана

Ураганот Лаура се засилува додека се приближува кон Тексас и Луизијана
Хјустон, 27 август 2020 (МИА) - На ураганот Лаура, кој се приближува кон брегот на Тексас со брзина од над 200 километри на час, му недостигаат само седум километри на час побрзи налети на ветрот за да премине од категорија 4 на категорија 5, што е највисоко ниво според  категоризацијата на Националниот центар за урагани на САД. Овој ураган, според експертите, би можел да биде најсилниот што досега ги погодил крајбрежните области Тексас и Луизијана. Се очекува ураганот Лаура, кој метеоролозите го нарекоа „смртоносна катастрофа“, да стигне до американското копно и да предизвика катастрофално уништување. Ураганот синоќа се наоѓал на околу 145 километри југоисточно од Порт Артур, Тексас, а се проценува дека првиот контакт со континенталниот дел на САД ќе биде проследен со ветар до 240 километри на час, но дека подоцна, во внатрешноста на соседната држава Луизијана, ќе достигне брзина од над 320 километри на час. Од вчера попладне, Порт Артур е град со само неколку отворени бензински пумпи и продавници за алкохол. Локалните власти стравуваат од поплави и потсетуваат дека местото на очекуваниот удар на ураганот на континенталниот дел на САД, по должината на границата Тексас-Луизијана, не е заштитено со бариера. паг/  

Остани поврзан