Зголемени приходите и расходите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување во првото полугодие
- Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 21 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2025 година.
Скопје, 31 јули 2025 (МИА) - Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ФПИО) ја одржа 21 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2025 година.
Претседателката на Управниот одбор Јасмина Вукичевиќ, како што се наведува во соопштението од ФПИО, истакнала дека извештајот ја отсликува работата на Фондот во наведениот период. Таа очекува и во наредниот период да се продолжи со остварување на зацртаните цели и целосно да се реализира Планот за работата на Фондот за 2025 година.
Директорот на Фондот, Никола Мемов поосчил дека главната цел во работата на Фондот е навремената исплата на пензиите, што се прави, како и репшавањето на предметите во законски утврдените рокови. Со тоа, услугите што се во надлежност на Фондот ќе им се испорачуваат на граѓаните навремено и нема да има никакви застои во работата.
Директорката на секторот за финансии во Фондот, Фатиме Неџипи пред членовите на Управниот одбор го образложила Полугодипниот извештај и рече дека во изминатите шест месеци Фондот работел со изблансирани приходи и расходи, а пензиите се исплаќани навремено. Во наведениот период вкупните остварени приходи во период јануари-јуни во 2025 година во однос на истиот период во 2024 година се повисоки за 12,94 насто, додека вкупните расходи во периодот јануари-јуни 2025 година изнесуваат 64.741,63 милиони денари и во однос на расходите во истиот период во 2024 година се повисоки за 13,88 проценти. Бројот на корисници на пензии е зголемен за 1748 лица, а за посмртна помош Фондот има исплатено средства во висина од 286.458,780 денари на семејствата на 8192 починати корисници на пензија.
Управниот одбор на Фондот на седницата усвои и Предлог – одлука за овластување лица за полноважно потпишување и располагање со средствата на жиро – сметките на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, како и Предлог – одлука за усвојување на Извештај за расход на движни ствари.
На седницата беа разгледани и други информации од надлежност на Управниот одбор.свс/са/
Фото: Фонд на пензиското и инвалидското осигурување