• петок, 22 ноември 2024

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници
Абуџа, 6 јули 2022 (МИА) - Околу 300 затвореници се во бегство откако исламистички милитанти на Боко Харам упаднаа во затвор во главниот град на Нигерија, Абуџа. Секретарот на Министерството за внатрешни работи, Шуаиб Белгоре, пред затворот во Абуџа, во кој се сместени околу 900 затвореници, изјави дека еден чувар бил убиен синоќа при упад и дека уште тројца вработени во затворот се ранети. Тој рече дека осомничените напаѓачи на Боко Харам дошле да ги земат нивните членови кои отслужуваат затворски казни. „Тие дојдоа по своите соучесници, но бидејќи некои од нив беа измешани со останатите затвореници, избегаа и други, а многу од нив се вратија“, додаде Белгоре. Тој истакна дека повеќе од 600 затвореници избегале, но половината биле фатени и потрагата по бегалците продолжува. паг/    

Остани поврзан