УНХЦР: Околу 20 мигранти исчезнаа по превртување на брод во Средоземното Море
- Околу 20 мигранти се водат како исчезнати откако нивниот брод се превртел во Средоземното Море, соопштија Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и италијанските власти.

Рим, 4 септември 2024 (МИА) – Околу 20 мигранти се водат како исчезнати откако нивниот брод се превртел во Средоземното Море, соопштија Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и италијанските власти.
Седум Сиријци се спасени и пренесени на италијанскиот остров Лампедуза, соопштија италијанските спасувачи.
Крајбрежната стража соопшти дека локалните власти го забележале бродот во неволја на околу 16 километри југоисточно од Лампедуза и оти патролен брод ги спасил преживеаните.
Претставничката на УНХЦР во Италија, Кјара Кардолети, на Х соопшти дека седумтемина преживеани „се во критична состојба и дека многумина ги загубиле своите роднини“.
Преживеаните рекле дека ја напуштиле Либија на 1 септември, се вели во соопштението на крајбрежната стража.
- Преживеаните рекоа дека во бродот имало 28 лица, меѓу кои и тројца малолетници, се додава.
Поморските единици и авион на крајбрежната стража трагаат по исчезнатите. јт/