• понеделник, 23 декември 2024

УНХЦР донираше компјутери на Граничната полиција

УНХЦР донираше компјутери на Граничната полиција
Скопје, 7 април 2022 (МИА) - Претставништвото на Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР) денеска предаде донацијата од 46 компјутери на Министерството за внатрешни работи во вредност од 2.5 милиони денари, наменети за потребите на Граничната полиција. - Благодарни сме на континуираната поддршка што УНХЦР како наш стратешки партнер, ни ја дава во справувањето со мешаните миграциски движења, особено во делот на заштитата на човековите права и слободи, заштитата на ранливите категории лица и лицата под меѓународна заштита, како и во процесите на хармонизација на националните закони со легислативата на ЕУ, на ефективната заштита на лицата кои имаат таква потреба, но и преку континуираните обуки на полициските службеници и јакнење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи во целина, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Претставничката на УНХЦР во нашата земја, Моника Сандри потенцираше дека Агенцијата им помага на државите и партнерите да развијат ефикасни системи за азил и за управување со миграциите кои ги земаат предвид потребите за заштита на лицата во движење. - Граничната полиција, како државна служба која е прва во контакт со лицата во движење, мора да биде опремена за да ги идентификува лицата кои би можеле да имаат потреба од меѓународна заштита. Со оваа донација се зајакнува дигиталниот институционален капацитет за регистрирање на лицата кои се дел од мешани движења, вклучувајќи баратели на азил, како и олеснување на учеството на граничната полиција во онлајн обуки и средби, кои ќе имаат за цел подобрување на заштитата на лицата на кои им служиме, нагласи Сандри. сх/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан