• петок, 22 ноември 2024

УНИЦЕФ загрижен поради претепување на малолетник  од страна на албанската полиција

УНИЦЕФ загрижен поради претепување на малолетник  од страна на албанската полиција
Тирана, 16 мај 2020 (МИА) - УНИЦЕФ изрази загриженост поради физички напад врз тинејџер од страна на албанската полиција, кој го прекршил полицискиот час воведен поради пандемијата со новиот коронавирус. УНИЦЕФ реагираше откако се појави видео на социјалните мрежи на кои се гледаат четворица полицајци кои тепаат 15-годишник. - Насилството извршено од оние кои се должни да го штитат законот и редот е навистина вознемирувачко, се наведува во соопштението, во кое исто така се повика на истрага и соодветни чекори од одговорните државни структури. Во меѓувреме албанското Министертво за внатрешни работи остро го осуди однесувањето на своите вработени и еден од полициските службеници е веќе супсендиран. Реагираше и шефот на државата Илир Мета, кој побара од полициските службеници да бидат максимално внимателни за време на вонредна сосотјба во која се наоѓа државата поради пандемијата. - Силно го осудувам непрофесионалното и насилно однесување на неколку вработени во државната полиција врз тинејџер кој се движел за време на полициски час. Овој тежок и насилен чин сериозно му штети на имиџот на државната полиција, одведувајќи не во времето на самоволието, напиша Мета на Фејсбук, барајќи целосно разветлување на случајот. Инаку, во Албанија потврдени се 933 случаи на коронавирус, од нив 77 отсто се излекувани додека 31 лице почина. вт/ми/

Остани поврзан