• недела, 22 декември 2024

Унгарија е подготвена да го укине ветото за финансирање на Украина во замена за средства од ЕУ

Унгарија е подготвена да го укине ветото за финансирање на Украина во замена за средства од ЕУ

Будимпешта, 12 декември 2023 (МИА) – Унгарија е подготвена да го укине ветото на предлогот на ЕУ за финансирање на Украина во замена за одмрзнување на фондовите на ЕУ за финансирање на Унгарија во вредност од 30 милијарди евра, што блокот претходно и го ускрати на Будимпешта поради непочитување на демократските стандарди на Унијата, јави денеска Блумберг.

- Финансирањето на Унгарија од ЕУ и финансирањето на Украина се две посебни прашања. Но, ако ЕУ инсистира финансирањето на Украина да доаѓа од изменетиот буџет на ЕУ, тогаш тие две прашања се поврзуваат, изјави политичкиот советник на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Балаш Орбан, со кој не се роднини.

Тој додаде дека Унгарија сè уште се противи на целосниот четиригодишен план за помош на Украина во вкупен износ од 50 милијарди евра и оти претпочита ЕУ да му понуди финансирање на Киев за една година без измена на буџетот, како и дека Будимпешта ќе „размисли како да придонесе за таков пакет“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан