Умтити го откачил Арсенал
- Лондонскиот клуб даде официјална понуда, но централниот дефанзивец реагираше негативно на понудата за личните услови.
Лондон, 1 февруари 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити, одби да се пресели во Арсенал за време на зимскиот преоден рок, објави „Паризиен“.
Лондонскиот клуб даде официјална понуда, но централниот дефанзивец реагираше негативно на понудата за личните услови.
Умтити ја смета Барселона за најдобар клуб во светот и едвај чека да го врати своето место во стартниот состав.
За време на трансфер прозорецот, се појавија гласини дека кандидат за играчот е и Манчестер Јунајтед, а шпанскиот гигант е подготвен да се раздели со својот играч за 20 милиони евра.
Тековниот договор на фудбалерот со Барса е до јуни 2023 година. Оваа сезона Умтити учествуваше на 7 натпревари во Примера.
Тимот од Каталонија е втор во рангот со три бода помалку од лидерот Реал Мадрид.