Умерен раст на германското индустриско производство во јули
- Германското индустриско производство во јули порасна значително помалку отколку што се очекуваше, што, според аналитичарите, укажува на бавно враќање на најголемата европска економија на ниво
Берлин, 7 септември 2020 (МИА) – Германското индустриско производство во јули порасна значително помалку отколку што се очекуваше, што, според аналитичарите, укажува на бавно враќање на најголемата европска економија на нивото на производство пред кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Индустриското производство во јули порасна за 1,2 проценти на месечно ниво, што е трет последователен месец на раст по рекордниот пад во март и април, според Бирото за статистика, Дестатис.
Аналитичарите предвидоа месечен раст на германската индустрија од 4,7 проценти во јули. јт/