Умерен земјотрес регистриран во западниот дел на Австралија
- Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во слабо населено подрачје во западна Австралија

Канбера, 13 ноември 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во слабо населено подрачје во западна Австралија.
Епицентартот на земјотресот бил на 24 километри од градот Марбле Бар на длабочина од 40 километри.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/