• четврток, 26 март 2026

Умерен земјотрес регистриран во близина на Камчатка

Умерен земјотрес регистриран во близина на Камчатка

Москва, 24 август 2025 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во близина на источниот брег на Камчатка.

Епицентарот на земјотресот бил на 197 километри од Петропавловск-Камчатски во Пацификот на длабочина од 49,6 километри.

На 20 јули Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со интензитет од 8,8 степени според Рихтер. Оттогаш секојдневно има потреси, но се намалува нивниот интензитет. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан