Умерен земјотрес на Исланд
- Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужниот дел на Исланд, во близина на вулканот Хекла

Рејкјавик, 11 ноември 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужниот дел на Исланд, во близина на вулканот Хекла.
Нема инфорамции за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Геофизичарот Пал Еинарсон изјави дека земјотресот и секундарните потреси не се поврзани со движењето на магмата и не се закана за ерупција на вулканот Хекла.
Вулканот Хекла е висок 1.491 метри и еден од најактивните вулкани на Исланд, а последен пат еруптираше во 2000 година. ми/