• недела, 19 мај 2024

Умерено облачно со температури до 16 степени

Умерено облачно со температури до 16 степени
Скопје, 16 ноември 2021 (МИА)  - Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на магла. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а преку денот умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно време, претпладне по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност. Само во четврток во западните делови ќе има услови за локален дожд. дма/са/

Остани поврзан