• петок, 22 ноември 2024

Украинците евакуирани од Кина нападнати со камења на пат за санаториум

Украинците евакуирани од Кина нападнати со камења на пат за санаториум
Киев, 20 февруари 2020 (МИА) -Украинците евакуирани од Кина заради коронавирусот се однесени во санаториум во градот Нови Санџари, а жителите на овој град се обиделе да го запрат минувањето на автобусите низ местото, гаѓајќи ги со камења. Дошло и до тепачка, но полицајците успеале да ги отстранат демонстрантите и да го обезбедат минувањето на автобусите со евакуираните од Кина, јавија украинските медиуми. Заради судирот со полицијата неколку демонстранти се приведени. За пренесување на евакуираните од Кина биле ангажирани седум автобуси. Лицата носеле инхалатори, додека возачите на автобусите биле облечени во специјални заштитни одела. сд/  

Остани поврзан