• петок, 22 ноември 2024

Украинско-руските преговори ќе продолжат од петок

Украинско-руските преговори ќе продолжат од петок
Киев, 31 март 2022 (МИА) – Мировните преговори меѓу Киев и Москва ќе продолжат онлајн од петок, изјави украински преговарач, пренесува Скај њуз. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека разговорите сè уште не донеле конкретни договори. Сепак, украинскиот мировен преговарач претходно изјави дека е оптимист по мировните преговори со Русија во Истанбул. Украина предложи план за неутралност и е подготвена да се откаже од влез во НАТО. Но, советникот на Зеленски, Михајло Подољак, рече дека секоја одлука ќе оди на референдум. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан