• недела, 09 март 2025

Украински напад со дрон ја оштети рафинеријата за нафта во рускиот регион Ленинград

Украински напад со дрон ја оштети рафинеријата за нафта во рускиот регион Ленинград

Москва, 8 март 2025 (МИА) - Украински напад со беспилотно летало ја оштети рафинеријата за нафта „Кинеф“ во рускиот регион Ленинград, изјави утрово началникот на Ленинградската област Александар Дрозденко.

Дрозденко на Телеграм напиша дека руските сили одбиле напад на украинско беспилотно летало, дека е оштетен рафинериски тенк и дека нема повредени.

Тој прецизираше дека руската противвоздушна одбрана (ПВО) соборила еден дрон, а вториот бил уништен над рафинеријата.

Министерството за одбрана во Москва соопшти дека синоќа над Русија биле соборени 31 украински беспилотни летала, од кои 26 над територијата Краснодар. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан