• четврток, 26 декември 2024

Украински медиуми: Познат руски дизајнер на ракети убиен во близина на Москва

Украински медиуми: Познат руски дизајнер на ракети убиен во близина на Москва

Киев, 13 декември 2024 (МИА) - Висок функционер во руска компанија што развива крстосувачки ракети користени од Русија во војната со Украина, е убиен во близина на Москва, објавија синоќа украинските медиуми.

Михаил Шацки, заменик-главен дизајнер во Бирото за дизајн на Марс, кое развива и произведува системи за наведување за руската воена и воздушна индустрија, е убиен, според тие извештаи, пред два дена во близина на градот Котелники во московскиот регион.

Полицијата не ја коментираше информацијата, но извештаите на социјалните мрежи и локалните медиуми, кои не се независно проверени, го идентификуваа Шацки како жртва, пренесе украинскиот сервис во РСЕ.

Медиумите во Украина објавија дека Шацки бил вклучен во модернизацијата на ракетите H-59 и H-69, како и помагање во развојот на беспилотни летала. Сето ова оружје Русија го користи за напади во Украина.

Наводите за убиството на Шацки беа објавени три дена откако во автомобил-бомба загина Сергеј Евсјуков, кој раководеше со затворот Олењивка, окупиран од Русија, во Доњецката област во време кога повеќе од 50 украински затвореници беа убиени во контроверзна експлозија во јули 2022 година. Никој не ја презеде одговорноста за тие инциденти. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан