• недела, 22 декември 2024

Украински дрон предизвика пожар во складиште за нафта во Русија

Украински дрон предизвика пожар во складиште за нафта во Русија

Москва, 28 јуни 2024 (МИА) - Напад од украинско беспилотно летало предизвика пожар во складиште за нафта во Русија, на неколку стотици километри од границата со Украина, изјави утринава регионалниот гувернер Максим Јегоров, јави Бета.

-Во областа Мичурински во регионот Тамбов, регистриран е лет со дрон до складиште за нафта, рече гувернерот на Телеграм.

Тој додаде дека тогаш избувнал помал пожар кој бил локализиран.

Руското Министерство за одбрана не го потврди нападот на енергетската инфраструктура, но соопшти дека руската армија во текот на ноќта пресретнала 25 украински беспилотни летала. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан