• четврток, 26 март 2026

Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск

Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск

Москва, 24 август 2025 (МИА) – Руската противвоздушна одбрана синоќа пресретна и собори украински дрон во близина на нуклеарната електрана во рускиот пограничен регион Курск. Остатоци од беспилотното летало предизвикаа пожар во електраната.

Според оператор и покрај пожарот во нуклеарната електрана не е зголемено нивото на радиоактивно зрачење.

- Дронот соборен по полноќ експлодира и го оштети трансформаторот, соопшти нуклеарната електрана Курск на Телеграм, додавајќи оти пожарот е изгаснат и нема жртви.

По нападот, еден од четирите реактори работи со 50 отсто од капацитетот.

- Нивото на зрачење на индустриската локација на нуклеарната електрана Курск и во околината не е променето. Во нормални граници е, се наведува во соопштението. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан