• сабота, 25 јануари 2025

Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“

Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“

Киев, 25 јануари 2025 (МИА) – Кибер специјалистите на украинското Министерство за одбрана извршија голем напад врз системите на „МегаФон“, еден од најголемите мобилни и интернет оператори во Русија, јавија украинските медиуми повикувајќи се на разузнавачки извори.

Според нив, жителите на Москва, Санкт Петербург и многу централни региони на Руската Федерација од вчера утрото почнаа да се жалат на прекини во мобилните комуникации, интернетот, како и на лошото работење на многу мобилни услуги и апликации. За неколку часа, „Роскомнадзор“ потврди дефект на инфраструктурата“ на компанијата „МегаФон“.

Украинските разузнавачки служби соопштија и дека успешниот кибер напад ја попречил работата и на комуникациските и интернет операторите „Јота“, „НетБиНет“. На Русите привремено им е забранет и пристапот до интернет сервисите како „Стим“, „Твич“ и „Дискорд“.

Во соопштението се наведува дека припадниците на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина уништиле важна сателитска опрема во руската област Тјоткино. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан