• понеделник, 23 декември 2024

Украинските трупи напредуваа до 10 километри во Русија, соопшти Институтот за проучување на војната

Украинските трупи напредуваа до 10 километри во Русија, соопшти Институтот за проучување на војната

Вашингтон, 8 август 2024 (МИА) - Украинските трупи напредуваа до 10 километри во Русија, што е веројатно најсериозниот граничен упад во конфликтот, oбјави денеска Институтот за проучување на војната.

Прокиевските сили упаднаа во југозападниот руски регион Курск во вторникот наутро, распоредувајќи околу 1.000 војници и повеќе од дваесет оклопни возила и тенкови, според руската армија.

Киев официјално не ја коментираше операцијата.

Главниот руски генерал вчера вети дека ќе го запре упадот и ќе ги истурка украинските борци назад до границата.

„Украинските сили направија потврден напредок до 10 километри во руската Курска област во услови на континуирани механизирани офанзивни операции на руска територија. Сегашниот потврден обем и локација на украинскиот напредок во Курската област укажува дека украинските сили навлегле во најмалку две руски одбранбени линии и упориште“, соопшти американскиот Институт за проучување на војната во своето најново ажурирање.

Напредокот е фокусиран на логистичкиот центар Суџа, град со околу 5.000 жители сместен на осум километри од украинската граница. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан