• понеделник, 15 јули 2024

Украинските власти тврдат дека граничарите убиле дезертер на границата со Молдавија

Украинските власти тврдат дека граничарите убиле дезертер на границата со Молдавија

Киев, 15 јули 2024 (МИА) - Украинските власти денеска објавија дека граничарите убиле дезертер кој се обидел да побегне од Украина во Молдавија.

„На 14 јули четворица војници побегнаа од својата единица за обука со цел да се обидат да ја преминат границата со Молдавија пеш“, се вели во соопштението на Државното биро за истраги.

Еден од нив, „обидувајќи се да побегне“, нападнал граничен чувар кој потоа пукал и го усмртил напаѓачот.

Во отсуство на луѓе за фронтот, Украина со недели спроведува мобилизациска кампања за пополнување на редовите на армијата.

На Украинците на воена возраст им е забрането да ја напуштат земјата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан