• недела, 22 декември 2024

Украинскиот претседател тврди дека руски диверзантски групи влегле во Киев

Украинскиот претседател тврди дека руски диверзантски групи влегле во Киев
Киев, 25 февруари 2022 (МИА) – Украинскиот претседателот Володимир Зеленски вечерва изјави оти верува дека руски диверзантски групи влегле во украинскиот главен град Киев. - Според нашите информации, непријателот ме означил како цел број 1, моето семејство како цел број 2. Тие сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата. Имаме информации дека непријателски диверзантски групи влегле во Киев, рече тој во видео објавено доцна вечерва. - Останувам во владиниот кварт заедно со другите, додаде Зеленски. јт/

Остани поврзан