Украинскиот министер за одбрана побарал од владата да разреши тројца негови заменици
- Британските медиуми пренесуваат дека Умеров, во објава на Телеграм, исто така, објави дека побарал разрешување на Људмила Дарахан, државна секретарка на Министерството за одбрана.

Киев, 1 октомври 2024 (МИА) – Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, денеска изјави дека до украинската Влада поднел барање за разрешување на тројца негови заменици, пренесуваат британските медиуми.
Станува збор за Станислав Хајдер, Олександр Сергии и Јури Џигир, пренесуваат руските меидуми.
Британските медиуми пренесуваат дека Умеров, во објава на Телеграм, исто така, објави дека побарал разрешување на Људмила Дарахан, државна секретарка на Министерството за одбрана. сд/
фото:МИА архива