• четврток, 26 март 2026

Украинската армија изврши напад врз руска рафинерија за нафта и магацин за оружје

Украинската армија изврши напад врз руска рафинерија за нафта и магацин за оружје

Киев, 28 февруари 2025 (МИА) – Украинската армија соопшти дека синоќа нападнала руска рафинерија за нафта и складиште за термобарско оружје.

Генералштабот на украинската армија на Телеграм објави дека е нападната рафинеријата во Краснодарската област, што се користи за снабдување на руската војска.

Додека нападнатиот магацин е во Доњецката област.

Украинската армија тврди дека нападнала уште три друхги важни објекти на руската војска. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан