Украина соопшти дека нападнала рускиот команден пункт во регионот Курск
- Украински војници изјавија денеска дека извршиле напад врз руски команден пункт во областа Курск.
Киев, 4 февруари 2025 (МИА) - Украински војници изјавија денеска дека извршиле напад врз руски команден пункт во областа Курск.
„Објектот претрпе значителна штета, што доведе и до значителни жртви меѓу непријателскиот персонал“, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм.
Укринформ конкретизира дека нападот бил во областа Новоивановка, во регионот Курск.
Украинската војска соопшти за повеќе напади врз руски воени и енергетски објекти во последните недели. Украинските сили се борат против руските војници во регионот Курск откако Украина започна прекугранична операција таму минатата година. рп/
Фото: ЕПА