Украина ќе испрати војници на обука во Турција и во Велика Британија
- Парламентот на Украина, на предлог на претседателот Володимир Зеленски, усвои закон, со кој им се дозволува на украинските војници да бидат распоредени во Турција и во Велика Британија
Киев, 9 октомври 2025 (МИА) – Парламентот на Украина, на предлог на претседателот Володимир Зеленски, усвои закон, со кој им се дозволува на украинските војници да бидат распоредени во Турција и во Велика Британија.
Законот предвидува 106 припадници на Вооружените сили на Украина да бидат испратени во Турција, а 216 украински војници да бидат испратени во Велика Британија на обука.
Украинскиот министер за одбрана Денис Шмигал изјави дека тоа е чекор што ќе овозможи поефикасна модернизација на украинската морнарица и продлабочување на соработката со партнерите од НАТО.
Врховната рада во февруари 2025 година усвои рамковен закон, што овозможува распоредување на украински контингенти во странство за време на вонредна состојба. Зеленски го потпиша документот во март, кој им овозможува на украинските единици да бидат стационирани на територијата на други земји со цел „спроведување мерки за заштита на националната безбедност и одбрана, како и зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“. ми/
фото: