• петок, 20 февруари 2026

Украина ја зајакнува здравствената мрежа во Херсон со нови подземни медицински центри

Украина ја зајакнува здравствената мрежа во Херсон со нови подземни медицински центри

Киев, 26 јануари 2026 (МИА) - - На територијата на украинската Херсонска област во тек е изградба на дополнителни 12 подземни болници, изјави началникот на обласната воена администрација, Олександар Прокудин.

- Продолжуваме со работата во оваа насока. Во моментов се градат уште 12 подземни болници за граѓаните да имаат пристап до медицинска помош дури и за време на гранатирањ“, истакна Прокудин.

Тој нагласи дека сложената безбедносна состојба и постојаните руски напади наложиле промена на пристапот во обезбедувањето на здравствените услуги, при што примарен фокус е ставен на безбедноста на медицинскиот персонал и на пациентите.

Во моментов во областа веќе функционираат 14 подземни болници. Во овие објекти лекарите извршуваат операции, лекуваат разни заболувања и спроведуваат рехабилитација. Во овие заштитени капацитети се вршат и породувања, а функционираат и пунктови за дарување крв.

Според информациите на Укринформ, во здравствените установи во Херсонската област моментално работат речиси 700 лекари и над 1.500 медицински лица. Сепак, сè уште постои итна потреба од специфични специјалисти за лекување на тешки трауми, како и недостиг од тесно специјализиран медицински кадар. ссм/мс/

фото: архива

Остани поврзан