• петок, 27 декември 2024

Украина тврди дека убила важен руски генерал

Украина тврди дека убила важен руски генерал
Киев, 7 март 2022 (МИА) – Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека во Харков е убиен генерал-мајор на руската армија. - Уште еден пораз меѓу врвниот тим на армијата на окупаторската земја. За време на битките кај Харков, елиминиран е Виталиј Герасимов – руски воен командант, генерал-мајор, началник на Генералштабот и прв заменик командант на 41-та армија на Централниот воен округ на Русија. Убиени се и ранети неколку високи офицери на руската армија, соопшти Управата. Виталиј Герасимов учествувал во Втората чеченска војна и руската воена операција во Сирија. Добил и медал „за враќање на Крим“, соопшти Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина. јт/

Остани поврзан