• понеделник, 23 декември 2024

Украина планира да произведе еден милион дронови што пренесуваат слика во живо

Украина планира да произведе еден милион дронови што пренесуваат слика во живо

Киев, 20 декември 2023 (МИА) - Украина планира да произведе еден милион беспилотни летала што пренесуваат слика во живо (дронови со поглед на прво лице (FPV) следната година, изјави денеска министерот за стратешки индустрии Олександар Камишин, цитиран од ДПА.

Камински истакна дека за споредба бројката за овој месец е 50 илјади.

Овој тип на беспилотни летала е широко користен на линијата на фронтот, забележува ДПА. Украина интензивно користеше вакви беспилотни летала, првично наменети за приватна цивилна употреба, но модифицирани за потребите на бојното поле, уште од првите денови по целосната руска инвазија на земјата на 24 февруари минатата година.

Потоа, Русија, исто така, почна да ги користи овие евтини, но ефективни средства за извидувачки мисии и рации. Се верува дека веќе има многу повеќе беспилотни летала за пренос во живо од Украина, соопшти ДПА.

„Сите производствени капацитети се подготвени и склучувањето на договорите за 2024 година започна“, резимира на Телеграм украинскиот министер за стратешки индустрии.

Камишин објави дека Украина планира да произведе над 11 илјади ударни беспилотни летала со среден и долг дострел следната година. Меѓу нив има најмалку илјада беспилотни летала со домет од над илјада километри.

Украина работи на зголемување на сопственото производство на оружје со цел да обезбеди стабилни набавки и да не се потпира исклучиво на помошта од партнерите, како и да ја стимулира националната економија. мс/

фото: „DARKMODE CINEMA“ за „Pexels.com“

Остани поврзан