• четврток, 26 март 2026

Украина нареди евакуација на семејства со деца кои живеат во некои области на Краматорск

Украина нареди евакуација на семејства со деца кои живеат во некои области на Краматорск

Киев, 9 октомври 2025 (МИА) - Украинските власти денеска наредија евакуација на семејства со деца кои живеат во некои области на Краматорск, последниот голем град во Донбас под украинска контрола и кој се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.

Краматорск редовно е цел на руски напади.

-Поради влошената безбедносна состојба во некои области на Краматорск, наредена е задолжителна евакуација на семејства со деца, се вели во соопштението на градскиот совет на апликацијата за пораки Телеграм. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан